Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ денеска во 17 часот организира протест во паркот „Жена борец“ во Скопје, со повик до граѓаните да се приклучат во борбата против насилството врз жените и девојчињата.
„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат!“, порачуваат организаторите, повикувајќи на масовно присуство и солидарност. Тие нагласуваат дека протестот е израз на гнев и непомирување со фактот дека насилството врз жените е секојдневие.
РОК за дејствување
Граѓанската организација бара до 10 декември итни мерки и законски измени, а не долгорочни кафански ветувања, најавуваат дека се тргнат попладнево, активизмот нема да запре, дека не им веруваат на институциите затоа што насилници се повеќе има и нема време за чекање. Посочуваат на ниско ниво на писменост и и свесноста на инстиуциите, и токму поради тоа тие ќе движат од Жена паркот пред Собранието, до Министерство за правда, а ќе завршат пред МВР каде ќе има подготвено перформанс кој ќе ја покаже пораката и активизмот против родовото насилство.
Блокади и протести и граѓанска непослушност ќе продолжат порачуваат од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“
На блокадата пред Владата минатата недела присутните извикуваа „жени“, „живот“ и „слобода“, а со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите на фемицид.
Меѓу присутните беше и Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која пријавила дека нејзиниот поранешен партнер ја давел и ја задушувал со голи раце, како и дека подолг период била изложена на физичко и психичко насилство и закани по живот. Осомничениот, кој избегал од полицијата преку прозорец, бил пронајден по неколку дена, а судот му одредил осумдневен притвор.
Граѓанските организации бараат итни истраги за постапувањето на институциите во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

