Четириесет и двегодишна жена од Гостивар е во животозагрозувачка состојба откако, според досегашните информации, два дена била изложена на физичко насилство од сопругот, кој е лишен од слобода.
Жената синоќа беше примена во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со тешки повреди на главата и градниот кош. Поради сериозноста на повредите, таа е префрлена на интензивно лекување на КАРИЛ.
На КАРИЛ констатирале животозагрозувачка состојба по претепување од сопругот е жена од Гостивар родена 1984 година, со скршен череп, крварење во мозок, сериска фрактура на ребра, воздух во плевра и полупаднато едно белодробно крило, а сниман е абдомен поради тоа што сопругот ја клоцал во стомак.
Обвинителство во акција
Што е квалификацијата со оглед да јавен обвинител е известен и вршел разговор со жената синоќа полицаец се прашањата до обвинителтвото?
Правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите. Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи, се вели во одговорот на обвинтелството за Слободен печат.
Од СВР Тетово исто потврдуваат дека сопругот на повредената жена е веднаш лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.

