Кина денес лансираше четири нови сателити од Центарот за лансирање сателити „Тајуан“, кој се наоѓа во северната кинеска провинција Шанси.
Сателитите – меѓу кои има два уреда наменети за тестирање технологија заснована на облак (cloud-based technology) во вселенски услови, како и сателитите „AIRSAT 12“ и „AIRSAT 13“ – беа лансирани во 11:53 часот по пекиншко време со помош на ракетата-носач „Долг марш-6Ц“ (Long March-6C) и успешно навлегоа во своите планирани орбити.
Мисијата за лансирање беше целосно успешна, пренесува CRI.
Ова лансирање претставува 683-ти лет на серијата ракети-носачи „Долг марш“.
Кина лансираше четири нови сателити

