дома Uncategorized Недела на франкофонскиот филм од 15 до 22 март во Кинотека СКОПЈЕ

Недела на франкофонскиот филм од 15 до 22 март во Кинотека СКОПЈЕ

  На 15 март во 20 часот во Кинотеката  во Скопје со проекција на швајцарскиот филм „Блех-музика“ на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал од 2019 година, официјално ќе биде отворена Неделата на франкофонскиот филм.  

Настанот официјално и со пригодни говори ќе го отворат амбасадорите на Франција Сирил Бомгартнер и на Швајцарија Вероник Хулман.

По проекцијата на филмот, ќе следува посета на изложбата на македонската уметница Јана Манева-Чупоска.

Неделата на франкофонскиот филм ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на Швајцарија, Романија, Белгија, Албанија, Амбасадата Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар, Амбасадата на Грција и Кинотеката на Северна Македонија.

Во рамките на Неделата на франкофонскиот филм ќе бидат прикажани:

Сабота 16 март 2024, 18:00 часот: Проекција на бугарскиот филм „Бескрајна градина” на Галин Стоев (2017)

Сабота 16 март 2024, 20:00 часот: Проекција на романскиот филм „Слобода” на Тудор Гиуригу (2023)

Понеделник 18 март 2024, 20:00 часот: Проекција на албанскиот филм „Делегација” на Бујар Алимани (2018)

Вторник 19 март 2024, 20:00 часот: Проекција на македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска (2022)

Среда 20 март 2024, 20:00 часот: Проекција на францускиот филм „Дивертименто” на Мари-Кастиј Мартијон-Шар (2023)

Четврток 21 март 2024, 20 часот: Проекција на белгискиот филм „Љубезните” на режисерот Оливије Ранже (2022, 1h55)

Петок 22 март 2024, 20:00 часот: Затворање на филмската недела со грчкиот филм „Ефтихија” на режисерот Ангелос Францис (2019)

Сите филмови се со  превод на македонски јазик, а за филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.

ПредходнаМеѓународен борд составен од САД, ЕУ и НАТО за проверка на функционерите за корупција и руско влијание
СледнаПочнуваат карневалските празнувања во Струмица