Француската полиција уапси 16-годишно момче во западниот град Марињи, кое на социјалната мрежа Телеграм објави дека планира самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз.
„Младиот човек беше уапсен откако на социјалните мрежи објави дека планира да набави материјал за изработка на појаси со експлозив, за да умре како маченик во името на Исламскиот калифат“, се вели во изјавата на националниот обвинител.
Според франциски медиуми, започната е истрага за „злосторничко терористичко здружение“.