Санчез синоќа објави писмо во кое вели дека се повлекува на пет дена за да размисли дали да остане премиер по „подмолните“ и „лажните“ напади врз неговата сопруга и врз него од „десницата и екстремната десница“.
Министрите и високите функционери на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) се собраа во зградата на владата.
– Се собравме со цел одлуката на Санчез да биде останување на чело на Владата, изјави вицепремиерката Марија Хесус Монтеро.
Таа би можела да го наследи Санчез доколку тој одлучи да се повлече во понеделник на најавената медиумска конференција.
Санчез, кој е на власт од летото 2018 година, пред шест месеци формираше малцинска левичарска влада со левичарската партија Сумар и со поддршка на сепаратистичките партии на Баскија и Каталонија. Тие партии, исто така, сакаат Санчез да остане на власт и покрај судската истрага што ја нарекоа „лажна пријава“ на десницата.