дома Балкан Додик повика на „разговори на институционално ниво за одвојување“

Додик повика на „разговори на институционално ниво за одвојување“

44

„Отпадничките структури на босанските муслимани одамна ја напуштија уставната рамка и отстапуваат од се што претставува Дејтонската Босна и Херцеговина. Можеби Комшиќ мисли дека успеал да направи нешто затоа што останал воздржан, но тоа суштински не менува ништо, освен што ни е јасна пораката на нас во Република Српска  дека јавно покажаа дека сè што правиме за да ја зачуваме нашата уставна позиција е правилно и единствено можно во услови на постојано подметнување и обиди за уривање на Република Српска и заобиколување на процесот на одлучување со еднострано дејствување“, рече Додик.

Тој додаде дека тоа „отвора нови перспективи за РС“.

„Па, веќе не е толку невообичаено да се каже и да се очекува Република Српска да го стори истото. Има механизми за тоа. Потребно е да го официјализираме нашето мирно одвојување кое босанските муслимани го иницираа со своите еднострани потези и уривање на уставниот поредок. Би било најдобро за сите кои живеат во Босна и Херцеговина да започнеме дискусии за одвојување на институционално ниво, бидејќи мирното раздвојување е факт и треба да се направи се за да се обезбеди стабилност и соработка на начин кој е можен“, додаде Додик.

ПредходнаБиблиотеката „Кочо Рацин“-Тетово ги награди најдобрите ученички поетски творби по повод Светскиот ден на книгата
СледнаОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера