дома Култура Уметницата Александра Ацеска изложува во Гуангжу, Кина

Уметницата Александра Ацеска изложува во Гуангжу, Кина

42

 Самостојна изложба на македонската уметница Александра Ацеска, ќе биде отворена денеска во културниот и креативен парк Зинитанг, во Гуангжу, Кина.

-Флорал Лимбо е волшебна изложба на дела кои навлегуваат во длабоката интеракција помеѓу внатрешните процеси и надворешните влијанија. Преку хипнотизирачка фузија на цветни дезени, заоблени линии и разновидни техники на цртање и сликање, оваа изложба ги поканува гледачите на волшебно патување во длабочините на уметничкиот израз на Ацеска, се наведува кон изложбата.

Културниот и креативен парк Зинитанг е дел од Музејот на уметност „Сан Та“ посветен на дела на експерименталната уметност која треба да го помести востановето размислување.

ПредходнаОбјавен романот „Татковина to go“ на Роберт Меѓуречан
Следна„Сребрено реми“ за филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски на престижниот фестивал во Хјустон, САД