дома Свет Израелското бомбардирање предизвика штета од 1,5 милијарди долари во јужен Либан

Израелското бомбардирање предизвика штета од 1,5 милијарди долари во јужен Либан

38

Израелското бомбардирање на јужен Либан во седуммесечните прекугранични непријателства со Хезболах предизвика штета од повеќе од 1,5 милијарди долари, изјави денеска шефот на Либанскиот јужен совет, Хашем Хајдар.

Либанско движење Хезболах почна да го напаѓа Израел како поддршка на сојузникот Хамас, еден ден по нападот на палестинската милитантна група врз Израел на 7 октомври минатата година, што предизвика војна во Појасот Газа.

Хезболах ги засили своите напади изминатите недели, додека израелската војска напаѓа подлабоко во либанската територија, тврдејќи дека мета биле борците и „инфраструктурата“ што ги користи групата поддржана од Иран.

Според Либанскиот јужен совет, официјално тело задолжено за процена на уништувањето, од 8 октомври минатата година досега цената на „штетите на зградите и институциите изнесува повеќе од една милијарда долари“.

Инфраструктурата, вклучувајќи вода, струја, патишта и здравствени услуги, исто така, претрпе штета, што се проценува на дополнителни 500 милиони американски долари.

ПредходнаВо ЕУ разгледуваат нови санкции за Русија – таргет би бил секторот за течен природен гас
СледнаОстин: САД ја суспендираа испораката на оружје за Израел поради Рафа