
Башким Бакиу денеска нема стигне како предлог за нов министер во здравство, најавува висок владин функционер за ТВ 24. Според истиот функционер предлогот на премиерот Христијан Мицкоски ќе стигне во Собранието, само со имињата на Беким Сали за прв вицепремиер задолжен за евроинтеграциите, како и Мухамед Хоџа за министер за животна средина.
“Договорот е да бидат пополнети празните места, по победата на Изет Меџити во општина Чаир. Не сме разговарале за смени во други ресори. Дали ќе го има нов предлог или пак евентуална рокада на ресори, ќе разговараме кога ќе ја правиме големата реконструкција” -изјави за ТВ 24 висок владин функционер
Според брифинзи од Вреди, нивниот план беше на местото на Азир Алиу, да дојде Башким Бакиу, а Алиу да биде директор на АЕК. Додека пак актуелниот министер за евроинтеграција да оди во Брисел. Според брифинзи од ВМРО ДПМНЕ , не се исклучува во преговорите за реконструкција, здравство да биде ресорот за киј ќе има рокади.
Инаку Сали е актуелен пратеник и поранешен министер за здравство во Владата на Димитар Ковачевски , додека пак Хоџа е поранешен член на ДУИ и беше портпарол во Владата на Никола Груевски и на Зоран Заев.
Според информациите на ТВ 24 планот на власта, Сали и Хоџа да бидат избрани пред конгресот на ВМРО ДПМНЕ, сепак не се исклучува тоа да се случи и следната недела.




