дома Македонија Денови на психологијата – во фокус грижата за менталното здравје на децата...

Денови на психологијата – во фокус грижата за менталното здравје на децата и младите

Млади ментално здравје

Комората на психолози и оваа година од 1 до 10 декември ја организира акцијата „Денови на психологијата“, со цел афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка и стручната работа до пошироката јавност.

Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, Денови на психологијата 2025 ја ставаат фокусната точка на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите, бидејќи емоционално стабилни деца и адолесценти значат здрава и отпорна иднина на целото општество.

Комората на психолози упатува јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности во рамките на Денови на психологијата 2025.

Медиумите и јавноста ќе можат да ја следат агендата за Денови на психологијата 2025 на официјалните страници на Инстаграм denovinapsihologija и на Фејсбук Денови на психологија. На овие страници ќе бидат објавувани датумите, термините и локациите на настаните низ државата, информации за онлајн вебинарите, како и фотографии и извештаи од веќе реализирани активности.

ПредходнаМицкоски за министри денеска до Собрание ги праќа само Сали и Хоџа, но не и Бакиу за здравство
СледнаМузичка група од Босна настапувала без дозвола во клуб во Кичево