дома Македонија Економија Ново поевтинување на дизелот од полноќ

Ново поевтинување на дизелот од полноќ

Ново поевтинување на дизелот од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика одлучи тој да поевтини за еден денар за литар и согласно тоа тој сега ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар.

Цената на бензините останува иста. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 77 денари за литар.

За 0,902 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот кој сега ќе се продава по цена од 33,963 денари.

ПредходнаЗапочнува 24. CINEDAYS со репертоар од над 50 европски остварувања
СледнаНеверојатни 65.000 прекршоци за 12 часа регистрирал „Безбеден град“