
Пленарната седница за избор на новите министри за европски прашања и за животна средина ќе се одржи по завршување на седницата за Буџетот за 2026 година или во периодот меѓу 15 и 18 декември.
Претседателот на Собранието не ја исклучува можноста тоа се случи и порано. Неговиот план е на истата седница кога ќе се бираат новите министри, претходно да има опозициски прашања и да бидат присутни сите минитри и премиерот.
Владата вчера го достави предлогот за нови министри и според него се предлагаат Беким Сали за министер за европски прашања и Муамет Хоџа за министер за животна средина.
Утре треба да се одржи пленарна седница на која е изборот за нов претседател на Антикорупциската комисија, а на 9 декември, според најавите, започнува петдневната дебата за Предлог-буџетот за 2026 година.




