Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара напуштена куќа во близина на црквата „Св.Спас“на влезот на Старата скопска чаршија во Скопје.
-Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени три противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиемна фаза, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје. Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и на лице место се 20 пожарникари кои ефектно интервенирале и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот, рече Томевски.
Во опошарената куќа се собирале бездомници.Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.




