дома Македонија Политика Груевски, од новогодишен амбиент во Будимпешта, во напад на Филипче и Заев

Груевски, од новогодишен амбиент во Будимпешта, во напад на Филипче и Заев

Поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, пренесувајќи ја новогодишната атмосфера од Будимпешта, им посвети ново ,,писание” на лидерот на СДСМ, Венко Филипче и на екс премиерот Зоран Заев.

Ги обвини дека едно зборувале дома, а друго правеле надвор, повторувајќи се дека и двајцата се воделе исклучиво од финансиски интерес.

</div>

“Прилично етички, морално и чесно”, од овие два лика кои уште се силат, се закануваат, напаѓаат, навредуваат, лажат, и глуметарат до бесвест, убедени дека никој ништо не им може.
А да сака ОЈО да го истражи ова, многу лесно може да започне и со успех да заврши истрага.
Затоа што, сето ова не е само лажење на народот, на што сме оддамна навикнати од вакви ликови, туку и манипулирање со поголеми суми на пари, чие потекло тешко ќе се докаже, пишува Груевски во дел од своето писание.

Напиша и дека сопартијците ништо не демантирале, туку раскажале измислици за него.

Груевски не е херој туку Мики Маус, велат од СДСМ и побараа екс-премиерот да се врати во Скопје

СДСМ реагира по вчерашната објава на екс-премиерот Никола Груевски кој избега од државата и моментално живее во Будимпешта. Од партијата упатија низа иронични зборови за поранешниот премиер, велејќи дека е „будимпештански пишувач на бајки“ и обвинувајќи го дека „ја зави земјата во црнило и ја остави во безнадежност“. Посочија дека премиерот Христијан Мицкоски само е негов извршител и ги следи истите политики.

„Денес, тој „гениј“ сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија? Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели „мудрости“ откако побегна од правдата.

Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше „Мерцедес“ од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција). Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.

Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам (класика!), министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.

„Херој“? Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите“, му порачаа од „Бихаќка“.

Наместо да седи, додаваат од СДСМ, „во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува „Будимпештански бајки за деца“, измислени приказни од чиста досада“.

„Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза. Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!

И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени „Дубаи сказни за деца“, против оние што донесоа слобода за Македонија.

И го остави малиот Мицко (сега веќе пораснат, поминаа години) да го продолжува неговиот „славен“ пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?

ПредходнаТрипуновски: Откривме големи злоупотреби во користење на земјоделско земјиште .Криминали со субвенции !
СледнаОблачно и дождливо во целата земја, обилни врнежи се очекуваат во јужните делови