дома Локално Облачно со врнежи од дожд, локално се очекува да наврнат и над...

Облачно со врнежи од дожд, локално се очекува да наврнат и над 40 литри

   Облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државата, најавуваат синоптичарите за денеска. Локално се очекува да наврнат и над 40 литри на метар квадратен за 24 часа.

Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини и ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната од 8 до 12 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 9 степени и дневна до 12 степени.

До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.

ПредходнаАрхитектот кој ги дизајнираше Гугенхајм, зградите на Фејсбук, Танцувачката куќа во Прага… почина…
СледнаАмерикански судија дозволи објавување на „досиејата на Епштајн“