дома Македонија Тошковски добил опомена, возел над дозволената брзина

Тошковски добил опомена, возел над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека и тој е фатен преку системот „Сејф сити“ дека возел побрзо од дозволеното.

Во објава на Фејсбук, Тошковски пишува дека денеска добил СМС порака додека се возел со приватно возило кон Кавадарци.

– Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, пишува Тошковски.

Управувањето со возило, вели Тошковски, е обврска, а не привилегија.

– Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување, вели Тошковски.

ПредходнаХороскоп за викендот: Тивки смени, мали победи и неочекувани чувства
СледнаСостојбата со врнежите стабилна, нема опасност од излевање на реките