дома Македонија Мицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако опозицијата најде еден мигрант

Мицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако опозицијата најде еден мигрант

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека трајно ќе ја напушти политиката ако СДСМ до пролет најде еден мигрант којшто во земјава ќе биде прифатен од Велика Британија.

– Ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територија на цела држава којшто е дел од некакков договор со Велика Британија и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политиката, Во спротивно очекувам тројцата да се извинат. Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат но ете тие дадоа некаков рок до пролет, изјави денеска Мицкоски.

Коментирајќи ги најавите на лидерот на СДСМ за предлог-резолуција за мигранти и организирање на сенароден протест, Мицкоски рече дека е голем притисокот за Филипче да си замине од лидерската позиција во партијата и затоа бара теми мислејќи дека на тој начин ќе преживее.

– Сега нема тема, притисокот е голем Венко Филипче да си замине, и од внатре и од надвор, и сега наеднаш пи-ар тимот му вели темата ќе биде мигранти – два таблоиди во Велика Британија објавија и ајде на оваа тема да се качиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе, рече Мицкоски.

 

 

 

 

ПредходнаКривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски
СледнаСобранието на Северна Македонија го донесе Буџетот за 2026 година