дома Македонија Економија Од 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

Од 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.

РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти.

Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто .

Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто

и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто,  официјално соопштија  денеска од РКЕ .

Поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде за 2,28 отсто или за 57-70 денари на просечната сметка.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се корегира за 2,50 проценти.

ПредходнаЈаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
СледнаСиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус