дома Локално SP: Дали знаете кои биле првите автомобили во Скопје?

SP: Дали знаете кои биле првите автомобили во Скопје?

 

Првиот автомобил во Македонија од марката „форд модел Ф“ се појавил во Битола во 1905 година. Во 1911 година во Скопје пристигнале првите автомобили од марките „рено“ и „форд“.

Како што пишува Слободен Печат, по Првата светска војна бројот на возила постепено почнал да расте, а цивилните власти овозможиле дел од возилата користени на Солунскиот фронт да се вклучат во градскиот сообраќај.

 

Првите сопственици на автомобили во Скопје биле индустријалци трговци и лекари. Меѓу нив биле Стојан Стојановиќ, сопственик на фабриката за сапун „Аеро“, фамилијата Петрови, сопственици на бензинските пумпи „Шел“, трговците Дича Филота, браќата Димитријевиќ и други.

ВИДЕО: Дали знаете кои биле првите автомобили во Скопје? фото: Фејсбук група – „Стари скопјани“

Со зголемувањето на бројот на автомобили, се појавила потреба од бензински пумпи. Во 1927 година на плоштадот била отворена бензинската пумпа „Шел“.

Покрај неа постоела уште една пумпа „Шел“ како и две пумпи во Старата чаршија, сопственост на фамилијата Петрови со лиценца од „Стандард оил компани“.

Првата бензинска пумпа „Шел“
Првата бензинска пумпа „Шел“ | фото: Фејсбук група „Стари скопјани“

Според „Службен лист на Вардарска Бановина“ од 19 декември 1935 година, во Скопје биле регистрирани 124 патнички автомобили, 24 товарни возила, 25 мотоцикли, 1300 велосипеди и 110 пајтони.

SP

 

ПредходнаАпасиев:Со посебен закон да се обесштетат семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани
СледнаИнституцијата Народен правобранител во тотална блокада – вработените ќе останат без плата a граѓаните обесправени.Партиите се пазарат