Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук информира дека од 6 ноември до 1 јануари се изречени глоби од 1.000 до 53.000 евра за загадувачи на воздухот.
– Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени.
Инспекторите за животна средина извршија над 45 вонредни надзори на правни субјекти во кругот на поранешни фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај. Изречени се глоби во висина од 1.000 до 53.000 евра, стои во фејсбук статусот.
Одговорните лица во правните субјекти се казнети со по 3.000 евра, додека десетици физички лица кои неправилно одлагале отпад на јавни и приватни површини добиле казни од 250 до 500 евра за палење и неправилно одлагање на отпадот.




