Од опозициската СДСМ обвинуваат дека одлуката на Владата за квота од 10.000 странски работници за 2026 година е дел од однапред подготвен план за олеснет увоз и за долгорочно задржување странска работна сила, иако во земјата, според нив, има околу 100.000 невработени. Оттаму тврдат дека со законските измени и со скратените процедури се создава правна рамка што ја отвора вратата за т.н. економски мигранти.
Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани за 2026 година, која стапи на сила на 16 јануари.
Од Министерството за економија и труд најавуваат дека ќе ги следат искористеноста на квотата и состојбите на пазарот на труд.
Иста квота од 10.000 странски работници беше утврдена и за 2025 година, додека во 2023 година половина од тогашната квота од 5.000 беше пополнета уште во првите месеци. Лани Агенцијата за вработување издала 8.509 позитивни мислења, а МВР одобрило 6.128 дозволи за привремен престој на странски работници.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека квотата е во согласност со барањата на работодавачите и на стопанските комори, без проширување на секторите.
Од опозициската СДСМ обвинуваат дека одлуката на Владата за квота од 10.000 странски работници за 2026 година е дел од однапред подготвен план за олеснет увоз и за долгорочно задржување странска работна сила, иако во земјата, според нив, има околу 100.000 невработени. Оттаму тврдат дека со законските измени и со скратените процедури се создава правна рамка што ја отвора вратата за т.н. економски мигранти.
„Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година. Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица. Доаѓаат таканаречените ‘економски работници’. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Сѐ беше подготвено, сега само се реализира планот. Склучија ‘стратешки договор’ за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странци со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа. Ги скратија процедурите, го продолжија времетраењето на дозволите. Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има ‘стратешки парнер’ секако. Донесоа резолуција – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти. Тоа што се подготвуваше, почна,“ се наведува во соопштението на СДСМ.




