дома Македонија Економија Следната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Следната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Следната недела ќе се знае кога Сојузот на синдикати на Македонија почнува со протести за зголемување на минималната и на други плати.
За тоа ќе треба да одлучат највисоките органи на ССМ односно Претседателството и Советот кои, според најавите, ќе заседаваат во текот а наредната недела.
– Протестите може да прераснат и во генерален штарјк. Точниот датум за почеток на протестите ќе се одреди наредната недела кога ќе заседаваат највисоките органи и тела, вели потпретседателот на ССМ Иван Пешевски.
ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати, но на последниот состанок на Економско-социјалниот совет не беше донесена ваква одлука. Дури, оваа точка не беше ставена на дневен ред, а за неа беше разговарано на предлог на претседателот на ССМ.

ПредходнаАВМУ: Инфлуенсери, блогери, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата
СледнаНобелов комитет: Наградата останува врзана за лауреатот, без оглед на судбината на медалот