дома Македонија Општество „Стоп за Усје“ повторно на улица: Граѓаните најавуваат блокада за подобрување на...

„Стоп за Усје“ повторно на улица: Граѓаните најавуваат блокада за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

По неуспешниот дијалог со институциите, граѓанската иницијатива повикува на мирна блокада на 21 јануари, како знак на револт за долготрајното загадување и како притисок за итни мерки за заштита на здравјето. Од друга страна, „ТИТАН Усје“ реагира на обвинувањата, нагласувајќи дека фабриката работи според домашната регулатива и А-интегрираната дозвола, која вклучува 24-часовен независен мониторинг на емисиите.

Компанијата тврди дека резултатите од мерењата се јавно достапни и дека граничните вредности на емисиите се построги од законските

– Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам – порачуваат организаторите, истакнувајќи дека иницијативата е реакција на долготрајната загриженост за здравјето на сите жители, особено на децата.

Граѓаните бараат поставување на мерни станици кои ќе овозможат 24/7 мониторинг на квалитетот на воздухот и истакнуваат дека додека тоа не се случи, нема да им веруваат на уверувањата дека фабриката не загадува.

–  Здравјето пред профитот, бидејќи институциите не реагираат, граѓаните мораат повторно да го подигнат својот глас – велат активистите.

Од друга страна, „ТИТАН Усје“ реагира на обвинувањата, нагласувајќи дека фабриката работи според домашната регулатива и А-интегрираната дозвола, која вклучува 24-часовен независен мониторинг на емисиите. Компанијата тврди дека резултатите од мерењата се јавно достапни и дека граничните вредности на емисиите се построги од законските.

Прес-конференцијата на иницијативата „Стоп за Усје“ е закажана за 21 јануари во 18 часот, а медиумите се поканети да известуваат за настанот и да дадат простор за гласот на граѓаните кои се борат за основното право на чист воздух.

ПредходнаИнтелектуалецот и политиката
СледнаУтре ССМ одлучува кога ќе почнат протестите