дома Македонија Фидовски: Досега сум одолеал на притисоци, се надевам ќе одолеам и сега

Фидовски: Досега сум одолеал на притисоци, се надевам ќе одолеам и сега

12 години сум обвинител и сум одолеал на притисоци досега, така што се надевам дека ќе одолеам и сега, вели новоизбраниот шеф на Скопското јавно обвинителство Анел Фидовски кој денеска даде свечена заклетва.
Најавува непристрасно раководење со најголемото обвинителство во земјава со цел да ја врати довербата на граѓаните во правосудството.
Фидовски изјави дека му е чест да ја врши функцијата, но дека има и голема одговорност затоа што ќе раководи со обвинителство кое има најголем број на предмети и обвинителство кое е најтешко по сложеност на предметите.
Фокус, како што изјави, ќе му бидат финансискиот криминал и злоупотребите.

– Треба да видам што има заостанато, на што треба да се даде приоритет, да видиме со која тежина на предмети ќе се соочиме, изјави Фидовски.
Фидовски доаѓа на местото на досегашниот претседател на ова Обвинителство Габрил Бубевски, кој исто така беше во трка за нов мандат.

ПредходнаКим Кардашијан со ретки коментари за Тејлор Свифт
СледнаПарис Хилтон на видеото од 18+ што го објави нејзиното момче: „Никогаш нема да се опоравам“