дома Локално Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот СТОП за цементара УСЈЕ

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот СТОП за цементара УСЈЕ

  Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.

Посебен режим на сообраќај во СкопјеКако што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.

ПредходнаКардиологот Кедев сега се повлекол по објавата за непотребните операции на срце
СледнаОблачно со локален дожд, на планините снег