дома Локално Забрана за тешки товарни возила на Маврово–Дебар поради снег

Забрана за тешки товарни возила на Маврово–Дебар поради снег

 Од утрово во 05:45 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово–Дебар, поради врнежи од снег, соопшти АМСМ. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, претежно по влажни коловози, а на повисоките места во западните и југозападните делови има мали остатоци од кашест снег.

АМСМ информира и дека врнежи од снег со променлив интензитет се евидентираат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека, додека на Буково врнежите се мешани – дожд и снег. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси.

ПредходнаВладеење на правото во Бугарија „од време на време“: Јовева со аларм
СледнаПет тони марихуана шверцувани од фабрика за медицински канабис од Македонија во Србија, организаторот на групата е во бегство