дома Локално Снег на Стража: Забрана за камиони на патот Гостивар – Кичево, проблеми...

Снег на Стража: Забрана за камиони на патот Гостивар – Кичево, проблеми и кон Маврово и Шапка

Поради интензивни врнежи од снег, од 9:40 часот утрово е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца, информираат од АМСМ и ЈП „Македонијапат“.

Ова е трета забрана утрово поради влошените временски услови:

  • Од 05:45 часот: Забранет е сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
  • Од 09:20 часот: Забранет е сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западните и југозападните делови има остатоци од кашест снег.

 

ПредходнаНова жртва: Епштајн ме испрати во Велика Британија да имам секс со принцот Ендру
СледнаИран предупредува на ризик од регионален конфликт доколку биде нападнат