дома Македонија Економија Мицкоски ќе потпише зголемување на плати за администрацијата, но под еден услов

Мицкоски ќе потпише зголемување на плати за администрацијата, но под еден услов

Премиерот се согласува да потпише договор за зголемување на платите за 40 проценти за државните административци, но под услов да се тргне од Општиот колективен договор делот за платите кој според него е збунувачки и за кој ќе треба да се преговара.                             -Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа тема кога јас многу јасно ова сум го предложил уште минатата година. Тоа е условот – да дојдат, но треба во тие преговори да се согласат на веќе изминатиот од важност Општ колективен договор, да го тргнеме делот за плати којшто и онака е збунувачки, и да се посветиме на овој договор да го финализираме во рамки на тие две години, рече денеска Мицкоски.                                                           Од УПОЗ вчера изјавија дека ја прифаќаат понудата за зголемување на платите, но не се изјаснија за делот со платите во ОКД што го бара Мицкоски.

ПредходнаСејф сити почна со праг на толеранција, кога возачите ќе се навикнат, ќе се намалува
СледнаФилипче вели ќе има предвремени избори, Мицкоски не размислува за тоа