дома Македонија Филипче вели ќе има предвремени избори, Мицкоски не размислува за тоа

Филипче вели ќе има предвремени избори, Мицкоски не размислува за тоа

Лидерот на опозицијата Венко Филипче верува дека ќе има предвремени парламентарни избори, а за разлика од него премиерот Христијан Мицкоски вели дека засега не размислува за такво нешто.                               Филипче во интервју за Радио слободна Европа оценува дека Владата нема да издржи до 2028 година.                                                     Оваа власт се грижи само за сопствените интереси зашто мора да се испорача тоа што никогаш не го демантираа дека ќе стигнат мигранти за пари и затоа се потребни предвремени избори. Дали ќе бидат на крајот на оваа година или следната, ќе видиме, но до 2028 година не ќе може да се издржи вака, вели Филипче.                                                   Премиерот контра него – засега не размислува за таква опција.                                                 – Ако денес ме прашувате, немам таква намера, изјави денеска Мицкоски.

ПредходнаМицкоски ќе потпише зголемување на плати за администрацијата, но под еден услов
СледнаДанските ракометари ја победија Германија и станаа нови европски шампиони