дома Локално Центар утре без струја осум часа: Планиран прекин на „Партизански одреди“ и...

Центар утре без струја осум часа: Планиран прекин на „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“

Дел од строгото централно подрачје на Скопје утре ќе биде без електрична енергија од 07:30 до 15:30 часот. Погледнете кои улици се опфатени со прекинот.

Дел од строгото централно подрачје на Скопје утре ќе остане без електрична енергија поради најавени технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Според информациите, прекинот е планиран за петок, 27 февруари 2026 година, и ќе трае од 07:30 до 15:30 часот.

Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Новопроектирана 2“, како и одредени објекти и деловни локали на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15–17) и булеварот „Климент Охридски“.

Од надлежните информираат дека станува збор за редовни активности за одржување и подобрување на електросистемот, а граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат своите обврски во периодот на прекинот.

ПредходнаМицкоски му забележа на Шаќири за значката со албанското знаме, па му дадоа да ја смени со македонското знаме
СледнаПрв случај во светот. Австралијанец (16) каснат од крлеж, развил алергија на месо и починал