дома Македонија Економија Новата в.д. на Развојната агенција сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Новата в.д. на Развојната агенција сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Новата вршителка на должноста директор на Развојната банка е сопруга на Димитар Димовски, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, објави Слободен печат.
Димовски на својот Фејсбук профил често објавува фотографии од настани со премиерот Христијан Мицкоски.
Ефимија Димовска на седница на Надзорниот одбор одржана на 23 февруари била назначена за вршител на должноста. На истата седница беше разрешен досегашниот директор Кире Наумов, кадар на СДСМ.
Развојната банка е државна институција преку која одат кредитите што државата им ги дава на компаниите.

ПредходнаХороскоп за петок: Неочекувани средби и важни одлуки го одбележуваат денот
СледнаСОС Охрид бара итно запирање на градежните работи во Горица и спроведување на препораките од УНЕСКО