До среда ќе се задржи сончевото и топло време. Наутро ќе биде постудено, но преку ден температурите ќе бидат над 15 степени.
За денеска најавите од УХМР се дека ќе биде сончево со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.




