дома Македонија Општество Се враќаат личните предмети од жртвите од Пулс – Спомени и емоции...

Се враќаат личните предмети од жртвите од Пулс – Спомени и емоции за најблиските

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ на 16 март 2025 година, од денеска, 2 март 2026 година, започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.

Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.

Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот и им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани.

 

ПредходнаГенералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
СледнаТаа скролала осум часа на ден. Застанала 50 дена и открила што се случило.