дома Македонија Приведен турски државјанин, шверцувал мигранти

Приведен турски државјанин, шверцувал мигранти

Турски државјанин е приведен, а во возилото кое го управувал пронајдени се седум мигранти од Египет.

Шеесет и двегодишниот С.Е. е приведен синоќа во 22:30 часот кај местото „Краварски пат“ во Богданци. Тој управувал возило со албански таблички.

Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија.

Против турскиот државјанин ќе биде поднесена пријава по целосно документирање на случајот, велат од МВР.

ПредходнаСрбија увезува најмногу оружје од сите земји во регионот
СледнаApple претстави нови емотикони, наскоро за iPhone