„Денес ги информирав претставниците на меѓународната заедница за напорите на Владата да ја претстави на искривен начин природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски мотивирани и создавајќи неточна перцепција за реалноста во земјата“. Вака реагираше ДУИ преку поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на партијата на Али Ахмети, Бујар Османи.

Преку објава на Фејсбук, Османи нагласува дека овие напори, да ги заведат меѓународните партнери не ги одразуваат вистинските загрижености на студентите, кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.
„Во време кога е потребна целосна имплементација на правата, од суштинско значење е комуникацијата со меѓународната заедница да се базира на факти и фер прикажување на реалноста“, заклучува Османи.




