Сончево и релативно топло ќе биде и денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 17 до 24 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Веќе од утре до среда следува промена на времето со локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.




