Драмскиот театар во Скопје денеска на прес-конференција ќе обелодени повеќе детали за праизведбата на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.
Со „Мачкина глава“, Драмскиот театар Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од театарот.
На пресот ќе се обрати директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски, како и уметничкиот и актерскиот дел од екипата на претставата.




