Здравствениот проблем на Гилен доведе до откажување на два концерти на бендот во Германија.
Фронтменот на легендарниот рок бенд „Дип парпл“, Jан Гилан, е примен во болница по ненадеен медицински инцидент, објавува „Дејли стар“. Бендот откажа два претстојни концерти во Германија поради неговата состојба.
„Дип парпл“ ја објавија хоспитализацијата на пејачот во објава на нивната веб-страница. Бендот требаше да настапи во „Ки арената“ во Лајпциг на 31 октомври и следната вечер во „Спортхале“ во Хамбург. Сепак, здравствената состојба на Гилан доведе до откажување на двата концерта.
Во нивното официјално соопштение, бендот изјави: „Со големо разочарување, Дип Парпл мора да објават дека нема да можат да ги одржат планираните концерти вечерва во QI Arena (Лајпциг) и утре вечер во Спортхале (Хамбург).“
Причината е медицинска итна состојба во која е вклучен Jан Гилен, поради што тој моментално е хоспитализиран.
Бендот не даде детали за природата на медицинскиот проблем, но ги увери имателите на билети дека концертите ќе бидат презакажани. „Сите купени билети ќе важат за презакажаните концерти“, рече бендот, додавајќи дека „прво мора да се најде соодветно време за одржување на двата концерта“.
Веста предизвика бран на поддршка кај фановите на бендот, а многумина му посакаа на пејачот брзо закрепнување на социјалните мрежи.
Jан Гилан е клучна фигура во историјата на „Дип парпл“. Тој се приклучи на легендарниот рок бенд во 1969 година. Иако низ годините земал пауза од бендот за да работи на соло проекти, тој останува нивен фронтмен и денес. Пред да стекне светска слава со бендот, Гилан кратко време беше и вокалист на „Блек Сабат“.
Неговата хоспитализација е непријатна вест за обожавателите кои очекуваа да ги видат „Дип парпл“ за време на тековната концертна серија. Засега, тие чекаат информации за состојбата на пејачот и новите датуми за откажаните концерти во Германија. |

