дома Македонија СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата за мигрантите

СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата за мигрантите

СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание.

-Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале. Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот. Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Опозициската партија и со реакција на вчерашното интервју на собранискиот потпретседател Антонијо Милошоски за 360 Степени, кој рече дека нема никакво официјално барање за мигранти или азиланти, а и ако има категорично ќе биде отфрлено.

-Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија. Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски. Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој, велат од СДСМ.
ПредходнаТело на жена пронајдено закопано во дупка во гостиварско, едно лице уапсено
СледнаДодека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ