дома Свет Од музеј во Италија украдени четири слики од ренесансниот сликар Де Месина

Од музеј во Италија украдени четири слики од ренесансниот сликар Де Месина

Четри уметнички дела од сликарот од раната ренесанса од 15 век, Антонело да Месина, се украдени минатата ноќ од Регионалниот музеј во Месина, јавија италијанските медиуми, повикувајќи се на изјава од директорот на музејот.

Крадците влегле во музејот синоќа, на националниот празник на Италија и во екот на летната туристичка сезона. Тие украле три од преостанатите пет панели од Полиптихот на Свети Григориј, кој бил изложен над олтарот. Полиптихот е изработен во темпера на дрво од италијанскиот мајстор Антонело да Месина. Тој го завршил во 1473 година, а потоа делото било складирано во Регионалниот музеј на Месина.

Првично составен од шест панели и наменет за локалниот манастир Свети Григориј, полиптихот бил оштетен во земјотресот во Месина во 1908 година. Ова е единственото дело на сицилијанскиот сликар кое никогаш не било позајмено за изложби надвор од Месина.

Покрај трите панели од полиптихот, крадците украле и четврто уметничко дело од безбедна витрина. Станува збор помала двострана слика на која се прикажани Богородица со бебе и францискански монах од едната страна и Христос од другата. Делото било дел од колекцијата на Вилхелм Солдан и било продадено на сицилијанскиот регион во 2003 година.

Кражбата се случи откако италијанската полиција завчера пронајде три слики од француските мајстори Пол Сезан, Пјер-Огист Реноар и Анри Матис, кои беа украдени од галерија во близина на Парма во март годинава.

Антонело да Месина е роден околу 1430 година. Се школувал во Неапол, каде што ги проучувал делата на провансалските и фламанските уметници, чие влијание е очигледно во неговата работа. Во родната Месина се вратил во 1457 година, каде што починал во 1474 година.

ПредходнаРекордно нискиот водостој на Рајна предизвика недостиг на бензини во Франција