Водата за пиење во Гостивар се уште е актуелна во политичките кругови. Откако СДСМ неколкупати досега бараше јавно да биде објавен извештајот за квалитетот на водата, денеска со одговор и премиерот Христијан Мицкоски.
– Јас инсистирам да се објави извештајот, рече Мицкоски.
Коментирајќи ги кривичните пријави што ги поднесе СДСМ за овој случај против министерот за здравство и директорите на неколку здравствени институции, Мицкоски рече дека демократско право на секоја политичка партија е тоа да го стори, но дека го чуди што не го спомнуваат градоначалникот на Гостивар како првоповиканиот во случајот.
– Зачуден сум зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото имаа да речеме и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија како Прилеп, Крушево итн., кога некои други биле министри и директори. Зошто не поднесат кривични пријави против нив, бидејќи тие ништо не преземале, изјави Мицкоски.
За истрагата на Обвинителството за случајот во Гостивар, Мицкоски рече дека таа сè уште е во тек и може да придонесе да се откријат и други инволвирани лица.




