дома Свет Балкан Уапсени четири лица за подметнување на пожари кај Задар

Уапсени четири лица за подметнување на пожари кај Задар

Хрватската полиција во реонот на Бенковац уапси четири лица под сомнеж дека се вмешани во подметнување на пожар, соопшти денесска Полициската управа во Задар.

Во соопштението се наведуваат дека полицијата реагирала по пријавија на граѓани, кои симноќа нешто по 20 часот забележале „сомнителна активност“. Полициска патрола набрзо го лоцирала и запрела возилото во кое се наоѓале осомничените.

Тие биле однесени во службени простории за кривична истрага со цел да се утврдат околностите на нивното движење и можна поврзаност со пожарите во реонот на Задар.

Како што објави телевизијата РТЛ, повикувајќи се на неофицијални информации, приведени се тројца хрватски и еден странски државјанин. Тие наводно биле забележани од брачна двојка како палат оган недалеку од Бенковац, по што веднаш ја повикале полицијата.

Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнаа во областа во последните денови.

Засега нема информации чиј државјанин е уапсениот странец.

Во реонот на Бенковац вчера и во текот на ноќта избувнаа најмалку седум пожари, кои брзо беа ставени под контрола.

Според хрватските закони, казните за предизвикување пожар од небрежност се движат од 260 до 1.990 евра, а за намерното палење пожар од 1.990 до 19.900 евра или затвор до 60 дена. Доколку пожарот загрози човечки живот или предизвика значителна материјална штета, сторителите се соочуваат со можна казна затвор до 15 години.

ПредходнаИран нуди 30.000 долари награда за убиен или заробен американски војник!?