дома Локално Граѓаните од денеска ќе можат да коригираат податоци за нивните возила на...

Граѓаните од денеска ќе можат да коригираат податоци за нивните возила на шалтер во зградата на МТВ

Граѓаните ќе можат да ги коригираат податоците во случај на промена или доколку добиле известување со неточни информации. Промените ќе можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР. Исто така, на е-маил адресата bezbedengrad@moi.gov.mk, граѓаните ќе можат да испраќаат забелешки, нејаснотии и прашања, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска, 17 декември 2025, граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за промена на контакт-податоците поврзани со регистрацијата на нивните возила. Постапката ќе се врши на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ во Скопје, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Граѓаните ќе можат да ги коригираат податоците во случај на промена или доколку добиле известување со неточни информации. Промените ќе можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

 Воедно, МВР отвори и електронски канал за комуникација. На е-маил адресата bezbedengrad@moi.gov.mk, граѓаните ќе можат да испраќаат забелешки, нејаснотии и прашања поврзани со функционирањето на системот „Безбеден град“.

„Сите пристигнати електронски пораки ќе бидат евидентирани и разгледани според утврдените процедури, со цел унапредување на системот и подобра комуникација со јавноста“, велат од министерството.

ПредходнаАгелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
СледнаАгелер: Не мислам дека е корисно ако важни прашања како миграцијата се користат само за политички поени