Скопје деновиве руши рекорди по загаденоста на воздухот и е меѓу првите градови во Европа според IQAir. Маглата дополнително ја отежнува ситуацијата, а вчера поради неа беа откажани или пренасочени летови на скопскиот аеродром.

Надлежните излегоа само со препораки, а граѓаните се снаоѓаат кој како знае, иако имаме изум стар 25 години кој практично покажа дека може да се растера маглата во Скопје и да се намали аерозагадувањето.
Сe работи за методот на тројцата професори Владо Спиридонов, Стефан Стефановски и Чало Чаловски чиј изум е едноставен и не многу скап, а работи на принципот на распрскување на течен јаглероден диоксид кој ја менува агрегатната состојба на маглата, односно ја кристализира и ја спушта на земја.
Изумот функционира на температури пониски од нула степени, а претходно мора да се анализа временската и атмосферската состојба и топографијата на теренот. Во зависност од густината на маглата и теренот што треба да се расчисти, се користат едно до три возила со инсталирани сетови за расејување на течниот јаглероден диоксид. Првите ефекти од расчистувањето се гледаат од 15 до 30 минути и делува од еден до три часа во зависност од условите.
Тројцата иноватори тогаш го испробаа изумот и практично маглата беше расчистена, а за да бидат целосно сигурни во ефикасноста на својот изум го тестираа и во рудникот Суводол, во Рударско-енергетскиот комбинат Битола и на Скопскиот аеродром. Во сите случаи резултатите беа извонредни – маглата се губеше за краток временски период.
Изумот на тројцата професори во 2000 година беше прогласен за Патент на годината, а на Еурека во Брисел освои златен медал, додека во Будимпешта во 2002 година беше добитник на Гранд при.
Светско а наше
И Сега останува праачњето ,дали некој од надлежните ќе се заинтересира за овој изум, дали е применлив, има ли фалинки, и во тој ред полседноте а чии се луѓево чиј изум се игнорира.
НЕдостасуваат одговрите. Во меќувреме и загаденост, и одложени летови, и здравствени проблеми, доцнења, сообраќајки….или и понатамu да продолжиме да чекаме да ни се наклонат временските услови за да се расчисти маглата и загадениот воздух во Скопје, па да се видиме и да видиме што има околу нас и за нас.




