Од Ски центарот Попова Шапка информираат дека од денеска е отворена шестоседната жичница за панорамски прошетки.

Оттаму ги повикуваат љубителите на скијањето да уживаат во ски-патеките на Шара.
„Ве информираме дека почнувајќи од утре, шестоседната жичница ќе биде во целосна функција и отворена за панорамски прошетки, нудејќи им на посетителите уникатно доживување и прекрасни погледи кон нашата планинска околина. Во однос на климатските услови, истите остануваат непроменети. Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачката заедница целосно да ужива во ски-патеките на нашиот ски-центар“ велат од Ски центарот.
Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства, додаваат од ски центарот.




