дома Локално Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската...

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Seismological device for measuring earthquakes. Seismological activity lines on the sheet of measuring paper. Earthquake wave on graph paper. Vignette image. Human finger showing a detail.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ПредходнаУсловна казна за напаѓачот на ,,Инфомакс” кој ја призна вината за насилството, судот предупреди на закана по слободата на говорот
СледнаДете се наоѓа во животна опасност од сообраќајна несреќа во Скопје – возачот избегал, но МВР го уапсило