Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026.
Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“.
Кум на годинашното одбележување е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар е музичарот Јаков Дренковски. Новите кумови и здравичарот со пајтон ќе пристигнат заедно со минатогодишниот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров. Потоа во присуство на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп на новите кумови, по што ќе се обрати поглаварот на МПЦ и ќе се освети погачата. Целата церемонија директно ќе биде пренесувана. на Првата програма на Македонското Радио.
ТРадиционално овој пренос се прави на радиото од првиот ден од репортерски извештај на тогаш млад новинар Драган Антоновски и тогашните уредници, основачи на оваа бадникарско дружење новинарите Мојсо Мојсовски и МАрко Илковски.
По завршувањето на церемонијата, новиот кум и здравичарот со пајтон ќе го напуштат храмот „Свети Климент Охридски“ и ќе се упатат кон своите домови поздравени од скопјани.

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.




