дома Локално Пoсле дождот, доаѓа снег во Македонија

Пoсле дождот, доаѓа снег во Македонија

  Низ земјава денеска ќе преовадува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилн (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 12, а максималните ќе достигнат од 10 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 14 степени.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

ПредходнаГрипот зема замав .Во „Козле“: околу 100 деца на болничко, 6 на кислород
СледнаВнимателно низ Србија .-7 степени на Златибор, 8 степени во Врање