дома Македонија Економија Ќе се намалат коефициентите на функционерските плати

Ќе се намалат коефициентите на функционерските плати

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе измени на пакет закони со кои треба да се намалат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова ќе се намалат платите на функционерите од 10 до 13 илјади денари.
Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница денеска најави дека законските измени ќе одат на брза лента и веќе со февруарската плата функционерите ќе земат помали плати.
– Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот, изјави Стојаноски, додавајќи дека предложените измени се целосно во согласност со Уставот.

ПредходнаОбвинителството се дообјаснува: Куќниот притвор е притворска мерка ако е со 24-часовен надзор
СледнаПатот кон Теферич затворен за сообраќај